Владата го назначила Еленовски поради неговото искуство

by fokus

Владата го избрала Лазар Еленовски, за специјален претставник на Владата за НАТО интеграции во Брисел, поради неговото искуство во оваа област.

–Сметаме дека Еленовски, врз основа на искуството што го поседува, ќе придонесе во интегративниот процес на РМ во НАТО – рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Еленовски како специјален претставник на Владата за НАТО интеграции во Брисел беше избран на вчерашната седница на Владата.

 

Поврзани новости