Владата ги усвои измените на Изборниот законик, ДИК ќе се бира и без гласовите на опозицијата

by fokus

Владата на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Со предлог-законот ќе се овозможи избор на Државната изборна комисија и ќе се надминат објективните слабости во праксата.

Измените се однесуваат на неколку ставови од членот 27. Во него, целосно се брише ставот 3 кој гласи: „Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието“

Во ставот 4, кој гласи: „Од кандидатите на предлогот на листата, политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна комисија, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија“, се бришат зборовите „на предлогот на листата“.

Во ставот 5, кој гласи: „Претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, се брише зборот „двотретинско“.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Поврзани новости