Пендаровски: Во Грција има луѓе што се сметаат за Македонци и ние тоа треба да го почитуваме

by fokus

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека нашата историја не не учела дека во Грција има луѓе кои себеси се сметаат за Македонци, а не се оние кои го зборуваат македонскиот јазик.

-Јас мислам дека Грција нема да го прекрши Договорот и ќе се придржува до него. Овој Договор води сметка и за нивните национални интереси. Спорот од самиот почеток беше асиметричен, се бараше промена на нашето име. Нашата историја не не учеше дека во Грција има Македонци, различни од оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Мора да го почитуваме тоа ако некој се смета себеси за Македонец. Оваа држава е мултиетничка. Државните институвции во една ваква Македонија не може да бидат етницирани. Затоа не може да биде Македонска радио-телевизија, туку телевизија на Македонија, вели Пендаровски.

Поврзани новости