Владата ги намалува казните за прекршоци од 75 до 150 проценти

by Фокус

Во владина процедура влегува законот за прекршоци кој предвидува намалување на казните од 75 до 150 проценти, најавија денеска премиерот Зоран Заев и мнинистерката за правда Рената Тренеска Десковска.

– Со новото решение минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната ќе биде 250 евра наместо досегашните 1.000 евра. За правните лица при одредување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, број на вработени и претходни санкционирања за исти или слични прекршоци. Во законот првпат се прави градација меѓу малите, средните и големите претпријатија. За малите глобата ќе биде од 50 до 2.000 евра за разлика од претходниот Закон каде изнесува 5.000 евра. За средните и големите претпријатија минимална изречена глоба ќе плаќаат глоба од 250, а максималната 10.000 евра – истакна премиерот Заев.

Тој посочи дека повисоки глоби ќе може да се изрекуваат за прекршоци од областа на даноците, царините, јавните набавки, прекршоци од областа на заштите на здравјето на луѓето, на заштита на природата, животната средина, со што, според него, се прави јасна дистинкција што е важно, а што е човечно во делот на прекрочната постапка.

Министерката Тренеска – Десковска, пак, рече дека со новиот закон акцентот се става на опомената. Како што истакна таа, станува збор за закон што практично ќе значи решавање на проблемите на граѓаните заради драконските казни со кои се соочуваат и на претпријатијата кои честопати беа непотребно казнувани со превисоки казни и значеа и затворање на некои фирми заради висината на казната.

-Намалување на максималната глоба ќе има и за санкционирани нерегистрирани возила повеќе од 30 дена која ќе изнесува 250 евра намсето досегашната 500 евра, за технички неисправно возило 250 евра наместо досегашните 400 и предизвикување бучава ќе се казнува со 250 евра наместо досегашните 450 евра – информираше Тренеска-Десковска.

Поврзани новости