ВМРО го обвини СДСМ дека спроведува операција „мрежа за вработување“

by Фокус

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владејачката СДСМ за партизација на јавната администрација преку спроведување на операција наречена „Мрежа за вработување“ на членови и акивисти и нивни блиски роднини.

-Од овој центар на Мрежата од црните тефтери мора да одговорат како само во еден ден од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода биле вработени 8 лица во општината, 6 мина во управни одбори во училиштата, хигиеничарки, воспитувачки и каде ли уште не низ општинската и администрацијата на јавните претпријатија? Од овој центар мора да одговорат кои се критериумите за проектот Мрежа и вработувањата на над 30 мина во ЈП Македонски Шуми низ скоро сите општински клонови, каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт? Од овој центар мора да одговорат дали 24-те нови вработени во М-НАВ, како ја нарековме македонска неофицијална агенција за вработување, со плати неколку пати повисоки од просечната – рече Наум Стоилковски, портпарол на ДПМНЕ.

Тој додаде дека ова е партиски непотизам во најсурова смисла и, според него, претставува врв на лицемерието на оваа власт.

Поврзани новости