894
Владата на вечерашната седница донела одлука од буџетските резерви да им исплати награда на македонските фудбалери од по 10.000 евра за пласманот на Европско првенство.
Оваа информација ја објави премиерот Зоран Заев, кој претходно им честиташе на фудбалерите за историскиот успех.
Инаку, Македонија го обезбеди пласманот на ЕП со победата над Грузија со голот на Горан Пандев.