Пандев: Сонот стана реалност

by Фокус

Горан Пандев, стрелецот на победничкиот гол на денешниот натпревар со Грузија, вреден за пласман на Европското првенство, после мечот изјави дека ова крајно емотивен момент.

-Одигравме одличен натпревар, пласманот на ЕП 2020 е сон на сите нас, пресреќни сме што овој сон сега стана реалност. Јас само сакав да им помогнам на овие момци, ова е фантастична група од млади фудбалери кои го заслужуваат овој успех. Јас дадов се од себе, имам најмногу важни натпревари од сите во репрезентацијата, затоа и седнав со нив, ги советував. Одигравме мирно, не дозволивме да влеземе во еуфорија, особено во второто полувреме бевме одлични – изјави Пандев.

Поврзани новости