Ангеловски за Пандев: Ни го оспоруваа Александар Велики, но не можат Горан Велики!

by Фокус

Сега можете да видите зашто им верував на овие момци и зашто ги сакам, успеаја на нашата мила Македонија да и ја донесат најголемата радост, изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по вечерашната победа над Грузија.

– Знам колку сега се слави во Македонија. Нашиот народ заслужува да слави кога има вакви херои. Благодарам на поддршката што ја добивме од сите, благодарам на медиумите, на сите наши навивачи, и секако на најзаслужните, на фудбалерите. Ние имавме еден што ни го оспоруваа, Александар Велики, ама Горан „Велики“ не можат да ни го оспорат – изјави Англеовски.

Пандев беше стрелец на единствениот погодок со кој македонската репрезентација за прв пат во историјата избори учество на едно Европско првенство.

Поврзани новости