435
Владата денеска ќе ја одржи 33. седница, која има само четири точки по кои министрите треба да расправаат.
Прва точка на дневниот ред е иницијативата за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје“.
Министрите ќе расправаат и за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.