Завршни зборови за грабежот во Тутунска банка, набрзо пресуда

by fokus

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ  Тутунска банка денеска во Кривичниот суд ќе ги дадат своите завршни зборови, откако на претходното рочиште признаа вина, но не открија каде се парите. Завршен збор денеска треба да даде и јавниот обвинител, по што ќе биде закажано рочиште за пресуда.

Според обвинителниот акт, обвинетите искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работата во банката, на еден датум украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а на друг датум 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

За кривичните дела, тешка кражба и затајување, за кое се товарат обвинетите, предвидена е затворска казна од три до 10 години, односно од една до 10 години.

Надлежниот обвинител, кој го води предметот, до судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, кои како одговорни лица во банката постапиле несовесно со што ја овозможиле кражбата. Тие се товарат за несовесно работење во службата. Постапката за нив продолжува одвоено.

Поврзани новости