792
Владата побарала вонредната состојба да се продолжи уште две недели од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој ваква одлука се очекува да донесе после денешната седница на Советот за безбедност.
Според неофицијални информации, покрај тоа се очекува да се донесе и одлука за забрана за групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.
Инаку, денеска истекува последниот ден од третата вонредна состојба што ја прогласи шефот на државата Пендаровски на 15 мај во времетраење од 14 дена.