Владата на седница на 5 октомври го усвоила записникот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и предложила Продолжувањето на кризната состојба на јужната и северната граница поради мигрантите, а денеска Комисијата за одбрана и за безбедност и Законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија денеска ќе го разгледуваат овој предлог.
Доколку се усвои предлогот на Владата, тогаш наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година.
Во предлогот на Владата продолжувањето на кризната состојба се образложува со за да се обезбеди „конинуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија (АРМ) и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи (МВР), во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, како и врз основа на извештајот за направена процена и сеопфатна анализа“.