499
Во случај Русија да ја прекине испораката на природен гас кон Европа, се бараат алтернативни начини за достава на овој енергенс преку Александропулос во Грција, велат владини извори.
Земјава целосно ги обезбедува потребите за природен гас од Русија, преку цевковод од Бугарија. На природен гас работат поголем дел од економските оператори во државава.
Европа исто така разгледува можности доколку Русија го прекине снабдувањето со гас како одговор на санкциите на ЕУ кон Москва, бидејќи околу 40 проценти од природниот гас во Европа се увезува од Русија. Особено погодена ќе биде Германија, бидејќи над половина од потрошувачката на природен гас од земјава доаѓа од руските испораки.