Влада: Очилата на премиерот се купени по просечна цена

by Фокус

Владата излезе со демант на информацијата која излезе во медиумите, дека премиерот Никола Груевски на плажа во Тел Авив носи очила за сонце од 60.000 долари.

-Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60 илјади американски долари, и истите тие неточни и невистинити наводи енергично ги демантираме. Очилата за сонце воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува туку се обични очила за сонце купени по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје, стои во демантот од Владата.

Понатаму во демантот се вели дека било очигледно дека Никола Груевски е  е предмет на валкана кампања од страна на некои медиуми финансирани од Сорос, а „ваквите обиди за линчување во политиката по секоја цена, само за партијата спонзор на медиумот да дојде на власт“ станале дегутантни и крајно нечовечни.

Поврзани новости