Вкупно има 232 анестезиолози, на Инфективна клиника нема вработено анестезиолози, вели Филипче

by Fokus

Вкупниот број на анестезиолози во земјава изнесува 232, од кои 83 се анестезиолози со интензивно лекување и 149 анастезиолози со реаниматологија, потврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак, тој нагласи дека на скопската Клиника за инфективни болести немаат вработени анестезиолози.

„Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека нема вработени анестезиолози во редовен работен однос. Во моментов од КАРИЛ нема колеги на испомош, но исто така информираа дека колегите од КАРИЛ им помогнале во процесот за што се благодарни. На клиниката има инфектолози интензивисти кои работат со пациенти на машина – истакна првиот човек во здравството.

Тој додава дека нема селекција на пациентите при хоспитализација на клиниката.

„Нема селекција на пациентите при хоспитализација во оваа клиника. На Инфективната клиника се хоспитализираат и се третитаат пациенти и со потешка и со полесна клиничка слика. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 90 пациенти. Пациентите се ставаат на инвазивна или неинвазивна терапија според индикацијата, а озонската терапија не е ставена во третманот бидејќи нема медицински докази во оваа терапија за третманот со ковид 19 – вели Филипче.

И.М.

Поврзани новости