Вкупно 60 позитивни патници во Амстердам, кои дошле со два авиона од Африка

by Fokus

Во два авиона кои во Амстердам пристигнале од Јужноафриканската Република, позитивни на ковид се 61 патник, соопшти холандското министерство за здравство.

Од министерството уште наведуваат дека денеска ќе бидат направени и дополнителни тестови за да се утврди дали меѓу позитивните има и лица заразени со новиот омикрон сој на корона вирусот.

Со два лета на компанијата КЛМ денеска на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам пристигнале околу 600 патници, кои веднаш биле тестирани на ковид, поради загриженоста на властите во Холандија од новата варијанта на вирусот.

Холандското министерство за здравство, потоа соопшти дека денеска од тестираните патници 61 биле позитивни на корона вирусот.

„Патниците со позитивен резултат од тестот ќе бидат сместени во изолација во хотел во близина на аеродромот“,

 

Поврзани новости