Вкупно 26 кривични за угостителски објекти и 41 прекршочна

by Frosina Fakova

На 28 мај кога беа отворени угостителските објекти биле изречени 856 опомени во однос на спроведувањето на протоколите кои се воведоа поради корона кризата, од овој датум досега биле поднесени 26 кривични пријави и 41 прекршочна пријава.

Овие бројки ги соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауноски.

Вкупно 26 угостителски објекти не ги почитувале протоколите, а 41 отвориле без да бидат регистрирани и нив им се издадени плати налози.

-Апелираме, не сакаме по два и пол месеца пак да затвораме угостителски објкети. Сите овие протоколи кои ги носи Комисијата за здравство се за заштита на угостителите, на оние кои ги посетуваат. Сите оние протоколи кои се пропишани не се баук за да не може да се применуваат, рече Пауноски.

Инспекторатот имал неколкупати средби со угостителите на кои разговарале за приспособуање на протоколот.

 

Поврзани новости