Вкупно 19 починати досега од Ковид 19 само во Тетово

by Fokus

Двајца пациенти од 57 и 74 години од Тетово денеска починаа на скопската Клиника за инфективни болести и во Градската болница „8 септември“, со што бројката на починати од Ковид 19 во овој град изнесува 19, од вкупно 122.

Пред два дена почина 84-годишен пациент од Тетово, додека вчера во црните статистики имаше уште еден починат и тоа на 41-годишна возраст. И двајцата пациенти починаа во ГОБ „8 септември“.

Денешниот извештај на министерството за здравство регистрира уште тројца заболени од овој град, со што вкупниот број достигна 182, од кои 71 се активни.

Според нашите информации, во Тетово има неколку кластери, кои се уште не се детектирани, со што дополнително се отежнува работата од каде се заразените. Нашите извори тврдат дека досега се направени околу 1.000 тестирања во овој град, што не е доволно со оглед на бројката на заразени и починати.

Уште пред еден месец, кога во Тетово имаше само 54 заболени, вицепремиерот Бујар Османи тврдеше дека овој град може да стане потенцијално жариште на Ковид 19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Ирена Мулачка 

 

 

Поврзани новости