Вице Заев: Договорот со Владата го потпишавме со Груевски во 2015 година

by fokus

Компанијата Тотал инженеринг и нејзиниот управител Вице Заев попладнево ги демантираа обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека неговиот брат премиерот Зоран Заев му доделил концесија.

оговорот со Владата на Република Македонија за детални геолошки истражувања Тотал инженеринг го има потпишано пред три години, односно во 2015 година. Во тоа време,премиер н а владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор Тотал инженеринг ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година. Имаме проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Значи исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на Тотал инженеринг и затоа е добиена концецијата откако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институцииЦелосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции, се вели во демантот.

 

Поврзани новости