Компанијата Тотал инженеринг и нејзиниот управител Вице Заев попладнево ги демантираа обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека неговиот брат премиерот Зоран Заев му доделил концесија.
-Договорот со Владата на Република Македонија за детални геолошки истражувања Тотал инженеринг го има потпишано пред три години, односно во 2015 година. Во тоа време,премиер н а владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор Тотал инженеринг ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година. Имаме проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Значи исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на Тотал инженеринг и затоа е добиена концецијата откако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции. Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции, се вели во демантот.