Вистинскиот Владимир Варелов се појави во суд, обвинет е во „Таргет-Тврдина“

by Fokus

Вработениот во УБК, Владимир Варелов чиј идентитет го украде Горан Грујевски и на негово име изработи пасош со кој се обиде да избега од Грција е еден од обвинетите во случајот „Таргет- Тврдина“.

Судењето за нелегалното прислушување за кое што денеска требаше да се одржи првото рочиште во Кривичниот суд се одложи бидејќи адвокатот Миле Петровски го известил судот дека е ангажиран во случајот „Труст“, исто така предмет на СЈО.

Во судница денеска не се појавија ниту обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски за кои судијката Ленка Давиткова рече дека не му се достапни на органот за прогон.

Инаку, денеска ќе биде познато дали овие двајца бегалци ќе бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи тамошниот суд донесе одлука која денеска треба да биде објавена.

В.В.

Поврзани новости