Скопјанка пријавила непознат маж дека ја обљубил нејзината 12-годишна ќерка

by fokus

Скопјанка пријавила во полицијата дека непознат маж извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка. Според информации од полицијата, девојчето повеќе пати била жртва на обљуба, во период од 10-ти до 21-ви месецов.

Наводно, додека девојчето одело и се враќало од училиште, мажот ја викал во неговиот стан каде ја допирал по телото. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости