Вишото обвинителство ја прифати жалбата на болницата „Шендети“

by Фокус

Вишото јавно обвинителство донело одлука случајот со болницата „Шендети“ од Тетово да се разгледа повторно во Основното обвинителство. Ова денеска го соопшти сопственикот на болницата, Адил Мустафа.

-Добивме позитивно решение од Вишото обвинителство. Сега чекаме да излезе вистина на виделина за болница „Шендети“, рече сопственикот на болницата, Адил Мустафа.

Тој и неговите бизнис-партнери бараат обештетување од банката против која поднеле пријава за измама, уцена и злоупотреба на службена должност.

Инаку, д-р Мустафа пред два месеци го обелодени случајот, а вечерта по пресконференцијата на која обвини за корупција и уцени од владини функционери беше уапсен на граница, и по една вечер во затвор беше ослободен откако исплатил заостаната парична казна.

Поврзани новости