Агенцијата за медиуми ја демантира СДСМ

by Фокус

Агенцијата за медиуми ги демантираше наводите изнесени во денешното соопштение на СДСМ, во кое се наведува дека според последните податоци на листата на должници на Управата за јавни приходи, Советот за радиодифузија должи близу 800.000 евра.

-Во насока на правилно информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поранешен Совет за радиодифузија ја известува јавноста дека Агенцијата не само што нема долгови туку редовно ги подмирува своите финансиски обврски.  Имајќи ја предвид важноста и улогата на регулаторното тело за медиуми, апелираме Агенцијата да не биде вовлекувана во дневно-политички збиднувања, се вели во реакцијата.

СДСМ во денешното соопштение реагираше дека УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радиодифузна такса, а граѓаните ниту можат ниту сакаат да плаќаат радиодифузна такса за национален сервис што информира под директива на власта.

Поврзани новости