Вишото јавно обвинителство донело одлука случајот со болницата „Шендети“ од Тетово да се разгледа повторно во Основното обвинителство. Ова денеска го соопшти сопственикот на болницата, Адил Мустафа.
-Добивме позитивно решение од Вишото обвинителство. Сега чекаме да излезе вистина на виделина за болница „Шендети“, рече сопственикот на болницата, Адил Мустафа.
Тој и неговите бизнис-партнери бараат обештетување од банката против која поднеле пријава за измама, уцена и злоупотреба на службена должност.
Инаку, д-р Мустафа пред два месеци го обелодени случајот, а вечерта по пресконференцијата на која обвини за корупција и уцени од владини функционери беше уапсен на граница, и по една вечер во затвор беше ослободен откако исплатил заостаната парична казна.