Вишото обвинителство бара од Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Пале Илоска, која се гонеше за убиство на својот насилен партнер Александар Ристовски. Велешкото обвинителство ја обжали ослободителната првостепена пресуда и побара затворска казна, но Вишото обвинителство на денешната јавна станица се спротивстави и побара Илоска да остане на слобода.
-На јавната седница пред Апелациониот суд Скопје јавниот обвинител од ВЈО Скопје предложи да се одбие жалбата на ОЈО Велес како неоснована, информираа од Коалицијата „Сите за правично судење“.
Овој случај ги потресе граѓаните откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.
Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет, кои велат дека обвинетата требало да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.
На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.
Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. Силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.
Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.
Сега на потег е Апелација.
В.В.