Надал после четири часа борба го елиминираше Ѓоковиќ од Ролан Гарос

by fokus 11:57
11:57

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на турнирот Ролан Гарос. Тој по голема борба ноќеска го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:1, по сетови 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (7:4).

– На крајот, ова беше многу емотивна вечер за мене. Но, ова е само четвртфинален натпревар. Значи сè уште не сум освоил ништо. Само си дадов шанса да се вратам на теренот за два дена. Многу ми значи играњето уште едно полуфинале на Ролан Гарос, изјави Надал по победата над првиот светски рекет.

Мечот траеше 4 часа и 14 минути.

-Во мечот влегов во средина од вториот сет иако тој третиот го доби лесно, четвртиот морав да го добијам и да влеземе во петти сет. Тогаш се ќе беше отворено. Штета. Имав две сет топки и свој сервис. Публиката го сврте мечот, 99,9% беше на негова страна и тоа е тоа, нема што. Тие го кренаа во моментите кога требаше. Штета…, порача Ѓоковиќ.

Следен противник на Надал ќе биде Германецот Александар Зверев.

Грен слемот во Париз се игра за награден фонд 43,6 милиони евра.

Поврзани новости