„Вип“ и „Оне“ ќе се спојат во јуни

by Фокус

Менаџментот на двата мобилни оператори „Вип“ и „Оне“, очекува дека Комисијата за заштита на конкуренцијата  ќе даде позитивно мислење за спојување на двете компании до крајот на рокот предвиден за оваа постапка.

-Застој во процесот на спојување нема. Тој е во втора фаза која почна на почетокот на февруари година. Согласно законот таа може да трае најмногу 90 дена, што значи некаде средина на јуни очекуваме позитивен одговор од комисијата, изјави првиот човек на „Вип“, Никола Љушев.

Според главниот маркетинг директор на „Вип“, на македонскиот пазар нема простор за трет мобилен оператор, бидејќи се смета дека е скапо и за операторите и за државата.

Поврзани новости