Путин: САД ѝ испраќа оружје на Украина

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека САД веќе ѝ испраќа оружје на Украина. Ова го изјави по средбата со  унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за испорачување на смртоносно оружје во Украина од страна на САД, рускиот претседател кусо прокоменира: „Според нашите сознанија тоа веќе се доставува“.

Властите во Киев во повеќе наврати изминатиот период апелираа до западните партнери и особено до САД за испорака на смртоносно оружје. Советничката за национална безбедност на американскиот претседател, Сузан Рајс на 6-ти февруари објави дека Вашингтон ја разгледува можноста за обезбедување директна воена помош во смртоносно оружје за Украина, што претходно едногласно го усвои Конгресот. Сепак, претседателот Барак Обама, калкулира со остварувањето на таквата можност.

 

Поврзани новости