Политичките партиите ќе ја пречекаат и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд без никакви резултати и напредок во преговорите.
По посетата на германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл партиите се обидоа да продолжат со преговорите за избирачкиот список и медиумите, но немаше никаков напредок или компромис на повидок.
Нуланд на средбите ќе разговара со македонските политичари за неопходните реформи за обезбедување терен за фер и збори. Освен за формирањето на нова Влада за спроведување на изборите, на средбите ќе се зборува и за работата на Специјалното јавно обвинителство, билатералните односи и сл.
Таа денеска ќе има средби со претставници на Владата, лидерите на политичките партии, како и со претставници на граѓанското општество.