ВМРО ДПМНЕ: Во државна кардиохирургија се извршени над 300 интервенции

by fokus

„Во оваа установа, која манипулаторите и некрофилите од СДСМ тврдат дека не функционира, веќе се извршени над 300 интервенции, а само во првите 5 месеци од 2016 година се извршени 130 интервенции, колку што лани се извршиле за цела година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на прес конференцијата на СДСМ.

Овие бројки, според партијата, се доказ дека голем број спасени животи токму на Клиниката која според СДСМ не функционирала.

„СДСМ лаже дека докторите си заминувале од Клиниката, бидејќи не само што досега ниту еден доктор не си заминал, туку постојаното развивање на Клиниката наметнува и потреба од ангажирање дополнителен број доктори. Сите доктори се едуцирани во врвни медицински центри во странство, двајца доктори се упатени на супспецијализации од областа на кардиохирургијата во Хрватска и веќе на почеток на следната година ќе се вратат како готови специјалисти, а Клиниката во континуитет соработува со Институтот за кардиоваскуларни заболувања од Дедиње и болницата Триемли од Цирих – Швајцарија, што резултира со воведување нови најсовремени методи во третманот на пациентите“, пишува во соопштението од владејачката партија.

Поврзани новости