Вечерва протест против задолжувањето од 650 милиони евра

by fokus

„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не ги признаваме долговите на расипниците!“ -стои во повикот за вечерашните протести на Шарената револуција против новото задолжување.

Вечерашниот марш под мотото „ „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“, доаѓа откако Владата одлучи преку еврообврзница државата да се задолжи за 650 милиони евра.

„5 милијарди евра јавен долг! 650 милиони евра обврзница + 450 милиони евра камата = 1,1 милијарда причини за протест!“ порача Шарената револуција.

Протестот како и секогаш ќе започне во 19 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости