Виктор Мизо стана директор во странска инвестиција што сам ја промовираше

by fokus

Доскорешниот прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриските и развојни зони (ДТИРЗ) Виктор Мизо од вчера официјално е новиот управител на компанијата „Костал“, странската инвестиција во ТИРЗ Струга/Охрид, пишува порталот Призма.

Токму Мизо во ноември 2015 го потпиша договорот со „Костал“ во име на Владата, а сега е на директорската позиција во компанијата.

Според Законот за спречување на судир на интереси, службено лице во рок од три години по заминување од функцијата не смее да се вработи во друштво со кое имал воспоставено каков било договорен однос. Мизо за Призма изјавил дека нема ништо спорно во неговиот трансфер во „Костал, бидејќи компанијата договорот за инвестирање го склучила со Владата, а не со Диреkцијата на чие чело беше повеќе години.

Поврзани новости