1.5K
Виктор Димовски е нов државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Србија и Црна Гора, како и во Државата Израел.
Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање.