Основното јавно обвинителство негираше дека од СЈО го побарале случајот „Монструм“

by fokus

Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение информира дека Специјалното јавно обвинителство не го побарало предметот „Монструм“.

„Во врска со наводите изнесени на денешната пресконференција на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека предметот кој во јавноста е познат како „Монструм“ е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, велат од ОЈО.

Во соопштението стои дека предметот воопшто не бил побаран ниту од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ниту од страна на Советот на јавни обвинители.

„Овој предмет се наоѓа во архивата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Ова доаѓа по изјавата на Јанева на денешната пес-конференција. На прашање за случајот “Монструм”, таа изрази надеж дека Советот на јавни обвинители ќе им ги достави материјалите.

„Се надевам дека Советот на јавни обвинители ќе ни ги достави материјалите. Законот е јасен, во рок од 8 дена од превземањето на предметот ќе одлучам дали сум надлежна или не. Мислам дека има многу предмети кои требало да бидат тука, а не се отворени во овој период. Како ќе се одвива ритамот на ова обвинителство, одлучувам јас“, одговори Јанева.

Поврзани новости