Судот го оложи рочиштето за убиството на 4-годишниот Алмир Алиу

by fokus

Основниот суд денеска го огложи рочиштето против 31 годишниот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

На денешното рочиште на барање на авдокатот на Илиќ, требаше да биде испрашан Бобан Илиќ, но поради работни обврски на адвокатот на второ, трето и четвртообвинетиот, рочиштето е одложено за 25 следниот месец.

Осомничениот се товари дека на 25 јуни лани го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на здравствената установа во Куманово по банална расправија со таткото на Алмир за ред во здравствениот дом, по што по една недела поради здобиените повреди четиригодишното дете почина.

Во истиот случај против таткото на детето, Седат Алиу, и негови двајца роднини Сами Демири и Абдула Алиу, е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Поврзани новости