Викиликс: Запленетите работи на Асанж ќе им бидат предадени на обвинители од САД

by fokus

Лондонската полиција ги заплени предметите на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во амбасадата на Еквадор каде беше во азил се додека полицијата не го уапси на 11 април.

Викиликс тврди дека личните работи на Џулијан Асанж ќе им бидат предадени на американски обвинители.

Еквадорски функционери тргнале кон Лондон за да им одобрат на американски обвинители да се „послужат“ со предметите, вклучувајќи и правни документи, медицински извештаи и електронска опрема, пренесува „Гардијан“.

Викиликс наведува дека на претставници на ОН и на адвокатите на Асанж им е забрането да присуствуваат.

Адвокатите истакнаа дека се работи за незаконска заплена на имот, која ја побрале властите на САД. Како што наведоа, меѓу материјалите се и два ракописи на Асанж.

Асанж е во затвор во Лондон каде отслужува казна од 50 недели поради кршење на условната слобода. Следниот месец судот ќе одлучи за барањето на САД за негова екстрадиција.

И шведскиот обвинител кој ја води истрагата за обвинението за наводно силување против основачот на Викиликс денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството.

Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде прв чекор во процесот кој би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија.

Поврзани новости