Викиликс објави илјадници доверливи материјали на ЦИА

by fokus

Меѓународната непрофитабилна организација Викиликс објави илјадници документи, за кои тврди дека припаѓаат на Центарот за сајбер-безбедност на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД.

Американските медиуми не можат да потврдат дали објавените документи се автентични.

Експертот Џејк Вилијамс пак, основачот на консултантската компанија во областа на информатичките технологии и безбедносна „Рендишан Инфосек“, кој ги прегледал објавените документи, изјави дека тие изгледаат веродостојни.

Со ова веројатно ќе се даде можност да се „ѕирне во кујната“  на кибер-шпионажата што ја спроведувала ЦИА, забележуваат американските медиуми.

Поврзани новости