Контроверзната Татјана Михајлова поднесе оставка во Основниот суд

by fokus 20:22
20:22

Судијката Татјана Михајлова поднесе оставка во Основниот суд, дознава „Утрински весник“.

Михајлова, ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1, а причините за оставката засега не се познати.

Ваквиот потег следи откако повеќемина судии поднесоа жалби до Врховниот суд во врска со годишниот распоред кој го изготви токму Михајлова, со кои тие без консултација беа прераспоредени на нови работни места. Неодамна на седуммина од осумте судии, Врховниот суд им ги прифати жалбите и ги врати на нивните стари работни места.

Инаку, Михајлова ја извршуваше функцијата в.д. претседател на кривичниот суд, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски му истече мандатот на 4 декември минатата година, но тој сега повторно се кандидира за истата позиција.

Таа е и судијка во случајот со насилството во Центар отворен од СЈО, во кој главен осомничен е експремиерот Никола Груевски. Михајлова на последното рочиште ги казни Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2 илјади евра за „непочитување на судот” па го откажа судењето.

 

Поврзани новости