Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ свикани на распит во СЈО

by fokus 21:36
21:36

Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство, дознава Телевизија 24 од извори во истрагата.

Тие во следниов период треба да се појават во СЈО како дел од проширувањето на истрагата за предметот „Титаник“ во кое опфатени се 17 лица. Од СЈО не откриваат кои лица се повикани, но потврдуваат дека поканите се испратени.

Според информациите на Телевизија 24, истрагата е фокусирана на различните начини на кои се вршеле злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за изборите во 2011 и 2014 година.

Поврзани новости