Викендов ревакцинација на македонските државјани во Србија

by Fokus

На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15.000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината АстраЗенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ за телевизијата К1.

Поврзани новости