Двајца починати и нови 19 случаи на корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2  и Кичево – 1. Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите се починати во болнички услови.

Поврзани новости