Пендаровски на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

by Fokus 14:43
14:43

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, утре во Истанбул ќе се сретне со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, соопшти Кабинетот на претседателот.

Пендаровски вчера се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржа во Анталија.

- Advertisements -

На маргините на Самитот, тој се сретна со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, како и со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.

Шефот на државата денеска учествува на Анталија дипломатскиот форум, што се одржува првпат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, на кој ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.

Поврзани новости