Викендов дожд наместо снег

by Фокус

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален снег во западните делови кој кон југ ќе преминува во дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минаималната температура ќе се движи во интервалот -4 до 1, а максималната од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб снег на повисоките, а дожд на пониските места.

Поврзани новости