До крајот на денов врнежите кој ја зафатија нашата држава полека ќе се расчистуваат и ќе престануваат иако сеуште ќе има услови за локални слаби врнежи. Облачноста кон крајот на денов исто така постепено ќе се намалува па така утрешниот ден ќе ни донесе сончево време со умерена локална облачност, по одделни котлини ќе има услови повторно за појава на магла и на ниска облачност.
Температурите на воздухот, особено оние максималните ќе бележат тенденција на позначителен пораст. Истите денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени додека утре ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Минималните температури иако повисоки, сепак и понатаму ќе бидат релативно ниски и преку ноќта и наутро ќе биде студено. Истите понекаде ќе бидат негативни.
Претежно стабилен и сув ден ќе биде и понеделник додека нов бран на врнежи ќе има веќе во текот на ноќта понеделник кон вторник и во вторник.
Подготви: Славчо Попоски