Денеска во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта, во поголем дел од државава ќе има повремени врнежи од дожд и снег на планините а има и услови за ретка појава на грмежи. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, повремено ветерот ќе засилува, особено утре. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината облачноста ќе се зголемува и доцна попладне и навечер, а особено во текот на ноќта ќе има услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено во текот на ноќта ќе засилува. Максималната дневна температура денес се очекува да се искачи до околу 20 степени.
Пад на температурите за повеќе од десет степени ќе имаме во текот на утрешниот ден, ќе има и повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува формирање на нова снежна покривка. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава.
Престанок на врнежите ќе има во понеделник, особено попладне и навечер кога ќе настапи и разведрување. Токму поради разведрувањето, во вторник рано наутро ќе биде доста постудено со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени. Поради ваквата состојба постојат услови и за појава на мраз.
Подготви: Славчо Попоски