498
Откако целосна ја избоија канцеларијата на претседателот Иванов, а претходно и Министерството за правда, демонстрантите стигнаа пред Собрание. Пред присутните граѓани се обрати Ивана Туфекџиќ од Студентскиот пленум.
-До сите вие што не сте со нас овде. Нели ви е доста? Нели чувствувате гнев? Се сеќавате ли на Никола Младенов, на малата Тамара, на Мартин Нешкоски? Родилки умираат, никој не одговара. Активисти се апсат, оти се борат за ваши и наши права. Нели ви е дојдено да кажете доста е? Доста му е. Да им порачаме на криминалците дека ги чека робија, рече Туфекџиќ.
Граѓаните кои протестираат извикуваат „Дојди и приклучи се“, „Робија“ и „Затвор не ти бега, Никола“.