477
Бурните расправии за уставните промени со кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да си ги зголеми ингеренциите како претседател, уште еднаш ги степаа пратениците. Овојпат за коса се фатија пратеничките , а мажите гледаа од страна.
Претходно, во турскиот парламент физички се пресметаа и мажите, на јавна расправа околу контраверзните измени на Уставот со кои му се даваат огромни овластувања на Ердоган. На крајот, сепак, партијата на Ердоган со мнозинство гласови ги изгласа законите.