Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, испрати порака до Русите, по жестоките напади на руските сили врз неговата земја.
Тој во објава на социјалната мрежа Х го пофали американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ поставен за заштита на Киев, кој вчера беше бомбардиран од руски ракети.
„Руските терористи немаат ракети кои можат да ги заобиколат „Патриот“ и другите водечки светски системи“, напиша Зеленски.
This night, Russia launched over 60 "Shahed" drones and nearly 90 missiles of various types at Ukraine. The world sees the Russian terrorists' targets as clearly as possible: power plants and energy supply lines, a hydroelectric dam, ordinary residential buildings, and even a… pic.twitter.com/5dX2fAMMiE
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 22, 2024
Потоа, во друга објава, тој повика на испорака на нов систем за заштита на целата земја, наведувајќи дека руските беспилотни летала и ракети немаат „одложување“, мислејќи на доцнењето и одложувањето на помошта на САД и ЕУ за Украина.
„Нашите партнери точно знаат што ни треба. Тие дефинитивно можат да не поддржат. Ова се неопходни одлуки… Животот мора да се заштити од овие дивјаци од Москва“, стои на крајот од неговата објава каде што сподели и видео од најновите напади на Русија врз цивилни објекти.