СДСМ: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени во нова лага, немаат потписи за Силјановска

by Fokus

Ништо не е сменето во ДПМНЕ, тоа е партија која функционира со ширење лаги и невистини, порачаа од владејачката СДСМ.

„Фатени се во нова лага за потписите на Силјановска. Откако не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

А, ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, дека биле собрани повеќе од потребните. Но, се покажа дека немаат потписи за Силјановска, дека не биле собрани.

ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните. Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро“ велат од партијата.

Поврзани новости